ОПЕК избира нов генерален секретар
Министрите на ОПЕК денеска треба да одржат состанок на кој ќе разговараат за назначувањето на нов генерален секретар, соопштија два извори на ОПЕК, при што кандидатот на Кувајт за оваа функција има широка поддршка од групата. Хајтам ал-Гаис, поранешен гувернер на Кувајт во Организацијата на земјите извознички на нафта, е единствениот кандидат за оваа улога, рекоа извори од ОПЕК. Актуелниот генерален секретар на ОПЕК Мохамад Баркиндо од Нигерија, кој помогна да се постигне договор со производителите кои не се членки на ОПЕК, како Русија, за намалување на глобалното производство на нафта за да се балансира пазарот, треба да се повлече од функцијата на крајот на јули откако ќе заврши неговиот втор тригодишен мандат.
Глобалната енергетска криза ќе го успори економското закрепнување од ковид-19
ОПЕК и неговите сојузници, познати како ОПЕК +, треба да одржат посебен состанок во вторник за да решат за политиката на производството на нафта. ОПЕК +, кој ги крати рекордните намалувања на производството направени минатата година, најверојатно ќе се придржува до постојната политика и ќе потврди зголемување на производството од 400.000 барели дневно во февруари.