Ѓоковиќ нема да биде депортиран до окончување на жалбата
Австралискиот судија Ентони Кели денеска рече дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да биде депортиран од Мелбурн до окончувањето на жалбата во врска со укинувањето на визата и дека случајот сега е префрлен во Сојузниот суд на Австралија.
До разговорот со имиграционите власти, кој ќе се одржи вечерва во 22 часот по средноевропско време, односно во сабота наутро во Мелбурн, тој нема да биде во имиграциски притвор.
По сослушувањето, Ѓоковиќ ќе биде однесен во притвор, сè до новото сослушување кое е закажано за в недела.
Неговиот адвокат Ник Вуд рече дека е загрижен за безбедноста на најдобриот тенисер во светот ако се објави местото на кое ќе биде притворен, но и медиумскиот циркус до кој може да дојде.
Денеска на Ѓоковиќ по втор пат му беше укината визата за влез во Австралија поради тоа што не е вакциниран против коронавирус. Тој доби исклучок од вакцинација поради медицински причини за да учествува на турнирот Австралија Опен, но властите му ја укинаа визата. Потоа тој се жалеше, и судот му ја врати визата, но министерот за имиграција Алекс Хок го искористи дискреционото право и денеска повторно му ја укина визата.
Министерот за имиграција на Австралија му ја укина визата на Ѓоковиќ
Ѓоковиќ се обидува да го освои рекордниот 10-ти трофеј на Австралија Опен и рекордната 21-ва Гренд слем титула.
Натпреварувањето почнува в понеделник.