БСП до ГЕРБ- не ве напаѓавме за С.Македонија додека бевме опозиција
Заменик-претседателот на Народното собрание на Бугарија и заменик-претседател на БСП Кристијан Вигенин им се обрати на пратениците на опозициската ГЕРБ истакнувајќи дека БСП никогаш не дозволиле да ги напаѓаат за темата за Северна Македонија, кога биле во опозиција, јави дописникот на МИА од Софија. Вигенин ги повика ГЕРБ да се обидат да помогнат за одблокирање на процесот, со кој не успеале да се справат.
Тошко Јорданов, кој е претседател на парламентарната група на „Има таков народ“ партија која е исто така дел од власта му се заблагодари на премиерот Кирил Петков дека е во собраниската сала, споредувајќи го со Бојко Борисов, кој дури и не доаѓал во Народното собрание на Бугарија.
Петков најави заедничко македонско-бугарско чествување на раѓањето на Делчев
Според Јорданов, секакви напори за дијалог и економски врски треба да се поддржат, но и „Бугарија ќе поддржи Бугарите во Македонија да имаат легални права“. Според него, нештата речиси се различни без да се наложува Бугарија да отстапува од националните интереси.
Копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов рече дека сака да се преземат дејствија, но како што гледа колку време поминува Владата во Парламентот, рече дека не знае кога ќе се случи тоа.
Националистичката партија „Преродба“ која е најмалата партија во 47-то Народно собрание се изјасни против, според нив, „фалсификатот и репресијата на Бугарите во Северна Македонија“.
„Треба да ја повторуваме бугарската теза на партнерите во Брисел и во Република Северна Македонија, рече нејзиниот лидер Костадин Костадинов.
Бугарскиот премиер Петков денеска во тамошното собрание ги информира пратениците за последните две средби со македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Поранешната министерка за надворешни работи, сега претеничка од ГЕРБ Екатерина Захариева побара од Петков да намалел со ентузијазмот оти како што рече ќе ја кренеле рампата многу високо, а потоа ќе требало да се објаснуваат.