Јанакиески осуден на две години условно во предметот за кинеските автобуси
Поранешниот министер за трнанспорт и врски Миле Јанакиески денеска беше осуден на условна казна затвор за кинеските автобуси.
Условната казна затвор од две години, освен Јанакиески, добија и уште две обвинети кои биле членови на комисијата за јавни набавки, а ваквата пресуда следеше откако претходно тие своеволно признаа вина за случајот „Дизајн“, кој е поврзан со набавката на 202 двокатни кинески автобуси.
Како што соопшти Кривичниот суд, условната пресуда од две години затвор нема да се реализира доколку тројцата обвинети во следните 5 години не сторат ново кривично дело.
Пресуди за „Титаник“ - Јанакиески осуден на четри и пол години затвор, Јанкулоска на две и пол
Случајот се однесува за фаворизирање на кинеска фирма за набавка на двокатни автобуси, при што според обвинението државниот буџет бил оштетен за нешто помалку од 5 милиони евра.
На тогашниот директор на ЈСП, Игор Јанушев, кој е обвинет како член на комисијата за јавни набавки, ќе продолжи да му се суди, бидејќи тој не призна вина. Предметот го отвори сега веќе згаснатото СЈО.