Состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ за Украина
Министрите на ЕУ за надворешни работи и за одбрана денеска ќе расправаат за воената агресија на Русија против Украина. Се прецизира дека тие ќе разговараат за таканаречениот стратешки компас, со цел да се одобри. Стратешкиот компас ќе обезбеди јасни политички и стратешки насоки за пристапот на ЕУ кон безбедноста и одбраната во текот на следните 5 до 10 години и ќе ја засили улогата на ЕУ како снабдувач на безбедност за своите граѓани. Тоа ќе ѝ овозможи на ЕУ да дејствува побрзо и поцврсто да ги заштити своите вредности и интереси и да придонесе за меѓународниот мир и безбедност.
Полска бара целосна забрана на трговијата со Русија
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за прашања поврзани со одбраната во врска со руската агресија против Украина и неформално ќе разменат ставови (преку видеоконференција) со украинскиот министер за одбрана, Олекси Рињиков.