Зекири сам дојде во судот, откако беше издадена наредба за негово приведување
Досегашниот генерален секретар на Владата Мухамед Зекири, заедно со својот адвокат, попладнево дојде во Кривичниот суд во Скопје, откако претходно судија во претходна постапка издаде наредба тој да спроведен со полиција.
Зекири е осомничен за злоупотреба на службената положба во случај со јавни набавки. Обвинителството бара притвор, а Зекири денеска поднесе оставка на функцијата генерален секретар во Владата.
Уште еден владин генсек „падна“ на јавни набавки
Изутрината, Јавното обвинителство во соопштение посочи дека е издадена наредба за истрага против двајца хрватски државјани и еден македонски висок функционер во Владата кој е првоосомничен и дека за нив од Судот побарале да им изрече мерка притвор. Владиниот функционер Зекири е осомничен за злоупотреба на службена должност при што е направена штета во буџетот за речиси 800 илјади евра.
„Во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба, првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што, со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани“, се вели во соопштението на Обвинителството.