Зарина Првасевда со срце полно музика промотивно во Филхармонија
„Ехо“ е насловен првиот студиски албум на младата македонска пејачка Зарина Првасевда чија концертна промоција е планирано да се одржи овој петок, на15 април, во Големиот салон на Филхармонија. Како специјални гости ќе настапат Васил Хаџиманов, Александар Петров и групата ПЕРИЈА.