Нови 157 ковид случаи во изминативе три дена и едно починато лице
Во последните три дена од 6 до 9 мај од направени 2.777 тестови а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19, од кои 25 се реинфекции. Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица.
Починатото лице е од Охрид на 82 годишна возраст, а двете дополнително регистрирани починати лица се од Скопје на возраст од 58 и 83 години. Едниот е починат во домашни, а другиот во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27 до 29 април.
Се укинуваат ковид протоколите во градинките
Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, а на починати 9.287. Бројот на активни случаи во моментот е 57.