Oпштина Центар се уште без одлука дали ќе го поништи одобрението за градба на Маркеза на Водно
Законскиот рок од 30 дена за општина Центар да се изјасни по барањето за поништување на дозволата за градба на фирмата „Маркеза“ е поминат. Адвокатката на жителите на Водно, Јошевска Анастасовска вели дека општината може рокот да го продолжи на 30 дена, но за такво нешто не се известени.