Ковачевски – Францускиот предлог е поволен и ги вклучува нашите забелешки
Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови. Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик. Почнуваме широки консултации со политичката и експертска јавност, рече премиерот Димитар Ковачевски.