Вувузелите погласни од повикот на премиерот да се поддржи францускиот предлог
Во тензична атмосфера надополнета со звуци од вувузели заврши првиот ден од расправата за францускиот предлог во Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски побара пратениците да го прифатат документот. Власта му аплаудираше, опозицијата извикуваше дека е предавник. Пред седницата на пратениците им се обрати и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која рече дека македонскиот јазик е заштитен, а историјата не е услов за преговори.