Амнести интернешнал: неколкумина убиени при задушување на протестите во Иран
Амнести интернешенел соопшти дека неколку луѓе биле убиени во мај кога иранските безбедносни сили употребиле боева муниција за да ги задушат протестите поради зголемените трошоци за живот и ја повика меѓународната заедница да побара одговорност од властите. Протестите поради зголемувањето на цените на храната избувнаа во југозападната провинција Кузестан во почетокот на мај, пред да се прошират во соседните провинции Чахармахал и Бахтијари. Во извештајот објавен денеска, Амнести наведува дека видео и аудио доказите укажуваат дека безбедносните сили „пукале со боева муниција во повеќе наврати за време на протестите“.
Иранскиот риал слабее, продолжуваат протестите поради економската криза
„Милитаризираниот одговор на властите уште еднаш го откри нивното целосно непочитување на светоста на човечкиот живот и меѓународните правни стандарди за употреба на сила и огнено оружје“, изјави Дијана Елтахави од Амнести. Три лица беа убиени во провинцијата Чахармахал и Бахтијари во врска со протестите меѓу 14 и 17 мај, се вели во соопштението. На 15 мај, член на парламентот, исто така, пријави смрт на уште едно лице во провинцијата Кузестан во врска со демонстрациите.