Негативен е тестот за дрога на финската премиерка Марин
Премиерката на Финска, Сана Марин е негативна на тестот за дрога, информираше Владата.
Премиерката беше тестирана за дрога откако тоа беше побарано од неа, поради видео снимка која протече во јавноста, а на која се гледа како таа танцува со пријателите на приватна забава.
По објавата на видео снимката 36-годишната Марин беше предмет на жестоки критики кај дел од јавноста.
Таа изјави дека е вознемирена што видеото од нејзиното танцување на приватна забава било објавено на интернет бидејќи било наменето само за пријателите.
Финската премиерка се тестирала на дрога по објавините видеа од забавата
Марин, која стана најмладата премиерка во Финска во декември 2019 година, изјави дека нејзината способност да ги извршува службените должности таа вечер не била нарушена и дека би ја напуштила забавата доколку морала да работи.
Додека многумина ја пофалија Марин за комбинирање на нејзината работа со активен приватен живот, голем број на граѓани ја осудија.