Тетовскиот математички гениј Македон не ја доби од државата ветената помош
Таткото на математичкиот гениј Македон од Тетово, Владимир Димитровски обвинува дека државата не си го исполнила ветувањето за помош. Тој изрази разочарување од државата бидејќи, како што вели, не биле исполнети ветувањата од Министерството за образование за поддршка со оглед на талентот и натпросечната интелигенција на неговиот син.
„ Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во Министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон и најважното – многу ветувања“вели Димитровски.
„Тоа што доаѓате од мала земја, треба да ви биде мотивација“
Дел од ветувањата се однесувале на помош во контакти за подобрување на образованието на Македон, додека другиот дел се однесувале на формирање комисија која ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира. Тој додава дека во министерството му било кажано дека имало и потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни и да финансираат неограничени средства во школувањето на Македон.
Незапирливата Леа и нејзината борба за подобар свет
„И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа Министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса, и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо. Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтесирани, дека и спонзорите одеднаш станале незаинтересирани, како и дека државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме едно големо ништо на денот кога Македон го доби третиот медал по математика на светско ниво. Што треба едно дете со таков коефициент на интелигенција и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државата. За сега една голема нула,“ напиша Димитровски во објавата на Фејсбук.
Министерот Јетон Шаќири имаше средба со осумгодишниот Македон на 19 мај. Во текот на мај Македон беше примен и од претседателот Стево Пендаровски, како и градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Македон има коефициент на интелигенција 134, а за неговите напредни способности објавија балканските и светски медиуми.