Германија одби преговори за репарации за Втората светска војна, Полска се обрати до ОН
Полска соопшти дека Германија ја информирала оти нема намера да влегува во преговори за какви било репарации за Втората светска војна, бидејќи Берлин смета дека ова прашање е затворено. Полското Министерство за надворешни работи, исто така, објави дека апелирало до Обединетите нации за поддршка за добивање компензација за претрпените загуби од 1,3 трилиони долари за време на нацистичката окупација од 1939-1945 година. Во текот на овој долготраен спор, Германија инсистираше на тоа дека прашањето е затворено со одлуки донесени во времето на комунизмот, кога Варшава се откажа од барањето репарации.
Полска бара отштета од 1,3 билиони евра од Германија за Втората светска војна
Полска вели дека била под притисок од Москва и дека тоа не е правно обврзувачки, и во октомври испрати формално барање за компензација. Шимон Шинковски, полскиот министер за европски односи, рече дека е „морална обврска“ на владата да бара репарации, но дека времето потребно за каков било исход „не се брои со месеци, туку со години, можеби дури и со генерации“. Во вториот мандат полската десничарска влада се соочува со криза поради скокот на инфлацијата и големите трошоци за социјални мерки, а наесен ја чекаат избори.