Застрелани двајца полицајци во Иран
Двајца ирански полицајци се застрелани во југоисточната провинција Систан-Балучистан, објавија иранските државни медиуми. Се уште не е познат идентитетот на вооружените напаѓачи.
Инцидентот се случил вчера за време на петочната молитва во градот Гошан, каде полицајците биле задолжени за одржување на безбедноста.
Во југоисточната провинција Систан-Балучистан, на границата на Иран со Авганистан и Пакистан, со месеци се одржуваат протести по наводното силување на тинејџерка од полицаец. Во областа, исто така, има чести судири меѓу полицијата и бандите за шверц на дрога, пренесува Франс прес.