Наместо забрана, нови барања за хидроцентрали на Шар Планина
Тие што сакаат да градат мали хидроцентрали не се откажуваат од намерите и покрај судирот со сите кои се борат за заштита на националниот парк. Ова продолжува и покрај донесениот Закон за прогласување на Шара за заштитено подрачје и помпезните ветувања на властите дека со тоа ќе запре изградбата на малите хидроцентрали.