Променливо облачно со повремен дожд
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во пладневните часови се очекува повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд.
Утре (2 мај) ќе има повремени врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.
Потоа во следните два дена во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Дневните температури од петок ќе бидат во пораст.