Сончев и топол викенд
Денеска не очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 24 целзиусови степени.
Утре се очекува слично време сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне 26 степени.
Од понеделник се очекува намалување на температурите и променливо облачно време со сончеви периоди, попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во наредните денови ќе се движи од мининалната 6 степени до максимална 19 степени.