Деталите за автопатиштата изгубени во изјавите на функционерите
Дали треба законите за автопатиштата на „Бехтел и Енка“ да бидат со европско знаменце е последното прашања во низата поврзани со овој проект. Овие закони требаше да се донесат до 2022. Со месеци јавноста ја мачат прашања - Колку точно ќе чини проектот, кои се роковите, дали ќе се плаќаат пенали, зошто договорот е означен како доверлив? Одговорите се „изгубија“ во изјавите на функционерите.