Откриени 201 тело на припадници на секта во Нигерија, верскиот водач уапсен
Вкупно 22 тела беа ексхумирани на 13 мај во источна Кенија, со што бројот на останки што ги откри полицијата во истрагата за смртта на следбениците на една секта на 201, соопштија тамошните власти.
Тие се следбеници на меѓународната црква „Добра вест“ предводена од уапсениот Пол Макензи Нтенге. Тој им велел на приврзаниците дека треба „да постат за да се сретнат со Исус“.
Локалните власти соопштија дека покрај Нтенге, уапсени се уште 25 лица, меѓу кои и едно лице задолжено за следење следбениците да не го прекинат постот или да не избегаат.
Нтенге ѝ се предаде на полицијата на 15 април, кога полицијата почна да открива тела во шумата Шакахола.