„Моча“ ги погоди Мјанмар и Бангладеш, намалку тројца загинати
Најмалку три лица загинаа, а повеќе од 20.000 беа евакуирани во манастири, училишта и други градови кога циклонот Мока го погоди Мјанмар. Циклонот беше проследен со ветрови со брзина од 209 километри на час кои ги симнаа покривите од зградите во државата Ракин, соопштија метеоролозите од Мјанмар.
Претходно невремето помина над островот Сент Мартин во Бангладеш, при што беше причинета материјална штета и повредени.
Воената информативна канцеларија на Мјанмар соопшти дека невремето оштетило куќи, далноводи, антени за мобилни телефони, чамци и улично осветлување во градовите Ситве, Кјаукпју и Гва.
Невремето откорна и покриви од спортските сали на островите Кокос, на околу 425 километри југозападно од најголемиот град во земјата, Јангон.
Медиумите во државата Ракин објавија дека ниските области се поплавени, а многу луѓе останале заробени во своите домови.
Комуникацијата исто така беше оневозможена бидејќи телефонските и интернет врските беа прекинати.