Почина ученичка, десетта жртва од масовното убиство во школото во Белград
Почина ученичка, која се лекуваше на Детската клиника во Белград, откако беше ранета при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, потврдија од Министерството за здравство, пренесе РТС.
Девојче беше тешко повредено во масовно пукање во основно училиште во Белград на 3 мај.
Тогаш во вооружен напад на 13-годишно момче, загинаа осум ученици и еден чувар.
Девојчето е десеттата жртва.