Македонската и грчката полиција заплениле 160 килограми кокаин вреден над 10 милиони евра
Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин заплениле македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА, објави МИА.
Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Уапсени најголемите трговци со кокаин на Балканот
Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.
Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.