Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2023

Судскиот совет ќе ги „тресе“ судските процеси на сопругот на екс претседателката Дамева

0
Судскиот совет ќе ги „тресе“ судските процеси на сопругот на екс претседателката Дамева

„Дома не разговараме за службени работи“, изјави на 5 јуни поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева  на денешната седница на Судскиот совет  на која им објаснуваше на членовите на Советот за тоа дали имала конфликт на интереси додека ја извршувала функцијата.

На денешната седница се разгледуваше известувањата за нејзиното учество во работа на две комисии, каде се рангирале судии од пониски во повисоки судови и каде се барало одговорност за еден судија.

Според дел од членовите на советот спорно е тоа што токму тие судии биле дел од судечки совет во процеси каде бил инволвиран нејзиниот сопруг Младен Дамев. Тој е претседател на Управниот одбор и директор на претпријатието „Скопски Пазар“,  кое е оштетна странка, но и како тужител во различни судски процеси.

„Јас ниту требам, ниту сум морала да знам за деловните обврски, за судските постапки или за било какви постапки на мојот сопруг. Ние дома не разговараме за ова, ниту тој знае јас во што постапувам ниту јас знам за него. Второ, мојот сопруг или било кој член од семејството нема законска обврска мене да ме известува за јас Вас да ве известам. Во овој момент знам за овие и ве известив веднаш штом дознав, а ќе ве известам веднаш ако дознаам и за други постапки“, рече Дамева.

Од Претседател на судскиот совет Дамева беше разрешена на 26 април, на седница која помина тензично откако потпретседателот на Судскиот совет.  Заменик претседателот Селим Адеми го презеде од неа раководењето на седницата и го стави на гласање нејзиното разрешување за кое се изјаснија 7 членови.

На истата седница се очекуваше да биде сменет судијата на Апелацискиот суд Енвер Беџети кој со месеци го чуваше предметот за една од најголемите афери со прислушувањето „Таргет-Тврдина.“ На нејзино место беше избран судијата Сашко Георгиев, додека Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување.

На денешната седница Павлина Црвенковска која е член на Судскиот совет, но и негов поранешен претседател рече дека обврска на Дамева била кога станала член на Судскиот совет да праша, каде нејзиниот сопруг има предмети, а тоа важи и за друг член на семејството, на пример деца. Ова е со цел да се изземе од постапките за судиите кои постапуваат во тие предмети.

„Кога е член на судски совет и кога одлучува за судбина на судии како може да не праша дома. Кои предмети ги имаш, да знам да се изземам? Да не се доведам во судир на интереси. А таа бара изземање откако тука во Советот се открија некои работи“, рече Црвенковска.

Членовите на судскиот совет Мирјана Радевска Стефкова и Мери Радевска побараа да се обезбедат сите податоци за првото и за второто известување.

По ова ќе се знае дали Дамева ќе се изземе од понатамошната работа на комисиите кои одлучуваат за предмети од судии каде е инволвиран нејзиниот сопруг.

Според Дамева ова е хајка која се води против неа, и иронично побара освен на нејзиниот сопруг да се „тресе“ состојбата по судовите дури и на нејзината ќерка, но тоа да важи и за сите членови на семејства на сите членови на Судски совет.

Инаку, за случувањата во Судскиот совет загриженост изразија од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), но и „Блупринт групата за реформи во правосудството“. Сериозни критики за правосудниот систем упати и холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп во интервју за Радио Слободна Европа каде посочи дека е ставен во „мирување “ голем проект финансиран од Холандија, осветен на зајакнување на ефикасноста, отчетноста и транспарентноста на Судскиот совет.





Губернаторы России
Москва

Собянин: Москва взяла Гран-при премии «Умный город» за цифровизацию горхозяйства





Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин: Развиваем систему здравоохранения



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Певец

Певец Григорий Лепс откроет караоке-бар Leps Bar в Петербурге




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

В Московской области прошел чемпионат Центрального округа Росгвардии по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия

В Москве завершился Кубок России по спортивному программированию

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Арина Соболенко

Соболенко: я предпочитаю смотреть мужской теннис, а не женский



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России