Никој нема да оди во затвор за пожарот во тетовската болница
По скоро две години, завршница доби судскиот процес за пожарот во тетовскиот Ковид центар, во кој загинаа 14 луѓе. Двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Етеми и Бесими, добија условни казни затвор, а докторот Вучевски доби ослободителна пресуда. Клиничката болница во Тетово треба да плати парична казна од еден милион денари.