Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2023

Ковачевски свика партиски состанок, Мицкоски повтори: Влада без ДУИ и уставни амандмани со одложен ефект

0
Премиерот на државата и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски за утре свикал седница на Централниот и Извршниот одбор на партијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повтори ставот дека ја прифаќаат понудата да учествуваат во идната влада до избори, но под одредени услови.


Како што соопшти портпаролката на СДСМ на денешна прес-кнференција, по вчерашната лидерска средба меѓу Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се создале нови околности на политичката сцена и тоа било повод за свикување на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ. 


„Секако дека тема ќе бидат начинот и формата со која што понатаму ќе продолжат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска.


Ианку, на вчерашната лидерска средба меѓу Ковачевски и Мицкоски, СДСМ предложи широка коалиција со сите партии кои се за евроинтеграција, но пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прифати предлого со услов - влада на широка коалиција, но без ДУИ да учествува во неа. ДУИ го прифати ваквиот предлог, но само до одржување на избори. Разликите меѓу партиите беа во деталите, кога и како да се гласа во Собранието за уставните измени и од кога да стапат во сила.




Кузеска денеска повтори дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го промениле ставот од вчерашната лидерска средба, велејќи дкеа ВМРО-ДПМНЕ „прифатија уставни измени и учество во Влада за европска иднина на паритетна основа, со ист број на министри“.


„Дури и условот ДУИ да не биде дел експресно беше прифатен од страна на ДУИ, само да не се измислуваат нови и нови услови. Од друга страна прифатено е барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Барањето за избори што понатаму ќе ги спроведе заедничката влада исто така е прифатено“, рече Кузеска. 


Мицкоски денеска повтори дека одговорил на тоа дека ја прифаќаат понудата ВМРО-ДПМНЕ да учествува во идната влада до избори, но под одредени услови.


„Прв услов е конечно Македонија да ја ослободиме од ДУИ. Таа нема потреба да биде во таа условно кажано преодна влада. Го поздравувам потегот на Бујар Османи што тоа го прифати во името на ДУИ. Кога станува збор за уставните амандмани, еве да речеме да го прифатиме гласањето за тие, но да биде одложен ефектот, односно со одложено дејство. Практично околностите нема да се променат, нема да имаме промена на Устав, тие амандмани нема да бидат дел од тој устав, се до моментот додека Македонија не стане земја членка на ЕУ“, рече Мицкоски. 




Мицкоски исто така рече дека во овој момент Владата го нема потребното мнозинство во Парламентот за уставните измени што ги прифатила пред една година без да биде консултирана опозицијата, односно ВМРО-ДПМНЕ. 


„Кога се нудеше ВМРО-ДПМНЕ тие го одбија, кога предупредуваше тие го игнорираа и потоа кога нудевме континуирано решение тие решенија ги игнорираа“, рече тој.


Мицкоски денеска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот под бугарски диктат.


Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.






Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России