Времето претпладне променливо облачно, попладне можен пороен дожд
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираше Управата за хидрометеоролошки работи.
Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.