Германија бара од Европскиот суд одлука за менаџерите на фудбалерите
Германскиот федерален суд на правдата побара од Европскиот суд на правдата да донесе се произнесе за прашањето дали прописите за менаџерите на германските фудбалери го прекршуваат европскиот антимонополски закон.
Германскиот суд на 13 јуни соопшти дека го става овој предмет во мирување се додека за него не донесе одлуја Европскиот суд.
Станува збор за случајот на познатиот менаџер Роџер Витман и се однесува на правилата на Германската фудбалска федерација (ДФБ) кои од 2015 година дозволуваат клубовите и играчите да бидат застапувани само од менаџери односно агенти, кои се регистрирани во германската фудбалска федерација.
Според Витман правилата на германската фудбалска федерација го прекршуваат антимонополскиот закон.
Од Европскиот суд исто така, беше побарана прелиминарна пресуда во тужбата против фудбалското раководно тело ФИФА и нејзините нови прописи за агентите во спортот.
ЕСП во април соопшти дека е во тек случајот од германскиот регионален суд во Мајнц. Новите прописи на ФИФА стапија на сила во јануари за да се воспостави поправеден и потранспарентен фудбалски систем за трансфер, вклучувајќи задолжителна лиценца на ФИФА за агенти, како и забрана за повеќекратно претставување за да се избегне конфликт на интереси и воведување ограничување на таксите за агентите.
Преоден рок е до 1 октомври по кој само лиценцирани агенти ќе смеат да работат во фудбалската индустрија.
Во Европскиот суд исто така, се води правна битка меѓу основачите на Суперлигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и европската фудбалска унија УЕФА.
Клубовите ја обвинуваат федерацијата за монопол, а формална пресуда се очекува во текот на следните месеци.
Првиот предлог за Супер лигата од 12 англиски, шпански и италијански клубови, во кој имаа постојани членови, пропадна во 2021 година по широките протести, но Реал Мадрид, Барселона и Јувентус сè уште продолжуваат идејата, во обид да се создаде таква лига.