Временска прогноза – Облачно, попладне со пороен дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, грмотевици, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен.
И во Скопје попладне се очекуваат поројни дождови. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.
Во текот на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време, на места со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.