Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Июнь
2023

Сите предлози за намалување на тензиите меѓу Косово и Србија

0
Сите предлози за намалување на тензиите меѓу Косово и Србија

Група американски сенатори побараа од претседателот на САД, Џо Бајден, „да изврши дипломатски притисок“ за да се стави крај на кризата на северот на Косово.

Тоа е последен во серијата предлози за смирување на тензиите што беа подигнати на крајот на мај, откако албанските градоначалници влегоа во општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, каде живее мнозинско српско население, што доведе до протести и судири со војниците на КФОР.

Претходно, Европската унија (ЕУ) претстави план за решавање на кризата, кој вклучува повлекување на специјалната полиција на Косово од северот и префрлање на градоначалниците во алтернативни простории, како и распишување нови избори на северот и санкционирање на демонстрантите кои ги нападнаа војниците на КФОР на крајот на мај.

Душан Јањиќ од невладиниот Форум за етнички односи оценува за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека ЕУ нема капацитет или доволно силен авторитет да го води процесот на деескалација.

„Тој проблем треба да им се остави на земјите од Квинта и НАТО алијансата“, смета Јањиќ.

Порака од американски сенатори

Осум сенатори од редовите на демократите и републиканците побараа од администрацијата на Бајден „да му даде приоритет на решавањето на влошената безбедносна ситуација меѓу Косово и Србија“.

Во писмото, американските сенатори го повикуваат Бајден „да изврши дипломатски притисок за да се стави крај на сегашната криза“.

Тие исто така предупредија на преиспитување на поддршката од Конгресот, доколку Косово и Србија „не се воздржат“ и ако не работат на деескалација.

Сенаторите побараа од администрацијата на Бајден да поднесе извештај до американскиот Сенат за актуелната безбедносна ситуација во северно Косово.

„Ние сме особено загрижени за безбедноста и благосостојбата на речиси 600 американски војници кои служат во КФОР. Ги цениме дипломатските напори на САД за смирување на кризата, но тие напори не беа возвратени, особено од Косово“, се вели вописмото.

Што предвидува планот на ЕУ?

Ден претходно, на 27 јуни, специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, во Европскиот парламент го претстави планот за намалување на тензиите на северот на Косово.

Планот вклучува истовремено повлекување на косовските специјални полициски единици од општинските згради на северот на Косово, смена на градоначалникот од овие објекти во алтернативни згради, распишување предвремени избори и покренување судска постапка против демонстрантите кои ги нападнаа војниците на КФОР на крајот на мај.

Се очекува Србија да овозможи учество на Србите на изборите и да обезбеди дека нема да бидат заплашувани поради нивниот личен избор да гласаат, како и да им даде поддршка на надлежните органи во акциите против напаѓачите за време на протестите на северот од Косово.

Предлог од Албанија

Истиот ден пристигна и предлогот на албанскиот премиер Еди Рама за организирање меѓународна конференција на високо ниво за изнаоѓање решение за кризата во Косово.

Во Брисел, по средбата со европскиот шеф на дипломатијата, Жозеп Борел, Рама изрази надеж дека оваа идеја ќе ги доведе лидерите на Косово и Србија и нивните тимови на иста маса, заедно со тимовите на ЕУ и САД, и дека тие нема да смее „да си одат без договор“.

Во спротивно, тогаш ќе се соочат со сите последици од тоа, што би било многу тажно за сите“, изјави Рама.

По средбата со Рама, Борел предупреди дека ситуацијата на северот на Косово продолжува да се влошува и дека Брисел го губи трпението.

„Ситуацијата бара брзи потези, деескалација и итна потрага по решение“, подвлече Борел.

Како дојде до ова?

Европската Унија нема капацитет сама да ја реши кризата на Косово, а тој проблем треба да им се остави на земјите од Квинта (САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија) и НАТО алијансата, оценува Душан Јањиќ од невладиниот Форум за етнички односи во интервју за РСЕ.

„Значи, во конкретниот случај, она што се случува на линијата Белград-Приштина-Вашингтон и НАТО е многу поважно од она што се случува во Европскиот парламент и Европската комисија, бидејќи двете страни ќе го слушаат НАТО“, смета Јањиќ.

Тој додава дека во тие разговори треба да бидат вклучени директни претставници на Србите на Косово, како и претставници на СПЦ.

Во 2011 година Косово и Србија започнаа преговори за нормализација на односите со посредство на ЕУ, со цел да се постигне правно обврзувачки договор за нормализација на односите.

Според Јањиќ, неопходна е итна деескалација на ситуацијата, но во овој момент тоа претставува „гаснење на пожарот“ што настана со кризата околу регистарските таблички во средината на 2022 година.

Косово и Србија постигнаа договор за регистарските таблички

Договорот меѓу Косово и Србија за регистарски таблички нема рок, велат од ЕУ.

Тогаш Владата на Косово донесе одлука за замена на регистерските таблички со градови во Косово, кои сè уште ги издаваат српските власти, со таблички на кои пишува RKS (Република Косово).

„Постојано се бараа некои палијативни мерки, како што се овие последни, а ЕУ никогаш не се соочи со коренот на кризата. Коренот на кризата значи дека двете страни започнаа политика на реципроцитет, која ја сведоа на борба за полициско-воена контрола на северот на Косово, а не за нормализација“, вели Јањиќ.

Според него, ЕУ ова не го совладала.

„Борељ и Лајчак минатата година рекоа дека влегуваат во фаза на смирување на конфликт, но не презедоа никакви мерки. Тие продолжија да се занимаваат со политиката на нормализација“, вели Јањиќ.

Јањиќ смета дека одговорни се и земјите од Квинта кои ја прифатија законитоста на локалните избори на северот на Косово, кои беа бојкотирани од српската заедница во април 2023 година.

Тој додава дека меѓународните фактори во изминатиот период недоволно ја истакнале одговорноста на официјален Белград за растот на тензиите.

„Во 2022 година Белград почна да го подига нивото на борбена готовност на Армијата, барикадите се веќе традиција. Од 2017 година Белград одржува цел систем на паралелни институции таму, како што е Цивилната заштита. Тоа нема да го најдете во ниту еден извештај на европските функционери“, вели Јањиќ.

Јањиќ смета дека рамката за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, која беше воспоставена на почетокот на годината на средбата во Охрид, е вистинскиот пат на политички план, но напоменува дека „кога добра идеја доаѓа во лош момент“ може да се уништи.

Каква е моменталната состојба и што претстои?

Последните тензии на северот на Косово, каде живее мнозинско српско население, беа зголемени на крајот на мај кога косовските власти ги презедоа општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, за да можат албанските градоначалници да имаат пристап до нивните канцеларии.

Србите остро се спротивставија на ова бидејќи ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат резултатите.

Меѓународната заедница презеде неколку казнени мерки против Косово поради игнорирање на барањата за смирување на тензиите. Еден од нив е исклучувањето од големата воена вежба предводена од САД, додека во меѓувреме ЕУ најави нови мерки против Косово оваа недела.

За ситуацијата во Косово ќе се разговара и на самитот на лидерите на Европската унија што се одржува на 29 и 30 јуни. Се очекува европските претседатели и премиери да ги осудат насилните инциденти на северот на Косово и да повикаат на итна деескалација на ситуацијата.





Губернаторы России
Москва

Сергей Собянин. Главное за день





Москва

Что лечит невролог и с какими симптомами к нему обращаться?


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Джиган

Джиган будет продавать пиво и энергетики




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Турнир по пляжному волейболу «ЮМР ОПЕН» прошел в Краснодаре

Спорт объединяет поколения: в Москве прошёл праздник ко Дню Победы для детей с ОВЗ

В преддверии Дня Победы в Великой Отечественной войне: уроки мужества и познавательно-спортивная эстафета


WTA

Соболенко уступила Свентек в финале турнира WTA-1000 в Мадриде



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

Гонконгский поставщик Renault Silver Basis подал иск о банкротстве "Москвича"



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России