Над 1.000 загинати во земјотресот во Мароко, се трага по преживеани
Земјотресот на 8 септември е најсмртоносниот што го погоди Мароко, по земјотресот во Ал Хосеима во 2004 година. Билансот на мртви и повредени се зголемува додека спасувачите ги подигнуваат урнатините, работејќи да стигнат до оддалечените области. Европската унија најави поддршка и помош за Мароко.