Кина е првата земја со амбасадор во Авганистан под власт на талибанците
Кина стана првата земја којашто официјално именуваше нов амбасадор во Авганистан по преземањето на Талибанците. Кинескиот претставник на 13 септември ги предаде акредитивните писма на церемонија во Кабул.
Талибанците не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не посочи дали назначувањето на амбасадор сигнализира некакви пошироки чекори кон формално признавање на Талибанците.
„Ова е нормална ротација на кинескиот амбасадор во Авганистан и има за цел да го продолжи унапредувањето на дијалогот и соработката меѓу Кина и Авганистан“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Во него се додава дека политиката на Кина кон Авганистан е јасна и конзистентна.
Талибанците ја соборија авганистанската влада поддржана од Западот и ја презедоа власта пред две години.