Растот на јавниот долг го вклучува црвениот аларм
Владата ги исцрпува можностите за дополнително задолжување и зголемување на јавниот долг и треба да бара други алтернативи, вели за РСЕ универзитетскиот професор Зоран Ивановски по најавите за нови заеми во Буџетот за 2024 година. Економскиот аналитичар Абил Бауш укажува дека Владата има, но не ги следи стратегиите за сервисирање на јавниот долг, кој надмина 8 милијарди евра.