Кандидатките се жигосуваат зашто се жени
Сите три жени претендентки за претседател на државата се цел на навреди и говор на омраза уште додека собираат потписи за својата кандидатура. Тие не се изненадени и велат дека успеваат да се носат со коментарите. Говорот на омраза насочен кон жените во политиката се користи како инструмент за нивно „замолчување“, смета истражувачката за родови прашања Бојана Јовановска.