Корупцијата ги „сече“ македонските шуми
![Корупцијата ги „сече“ македонските шуми](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-74ac-08dbfb037fea_cx0_cy4_cw0_w800_h450.jpg)
Шумите се предмет на интерес на криминалните групи. Ова е светски бизнис број три, по фалсификуваните трговски марки и трговијата со дрога, затоа што постои помала казнивост на нелегалната сеча на дрвја. Очигледно овој тренд е и кај нас вели Сашко Петровски еден од основачите на Регионалниот центар за шумарство и рурален развој „Рефорд“. Тој во Поткастот „Зошто“ додава дека е еден од главните проблеми е корупцијата.