Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Апрель
2025

Еден пациент од повредените во Кочани се враќа дома, странски тимови за рехабилитација пристигнаа во земјава

0

Министерството за здравство информира дека еден пациент од повредените лица од пожарот во Кочани, кој беше хоспитализиран во медицински центар во Австрија, денеска (3 април)се враќа во државава, по што согласно протоколите, ќе биде задржан под 24-часовен надзор.

Во државава се пристигнати и странски тимови за рехабилитација на пациентите.

„Со тоа, во странските медицински центри се третираат 80 пациенти, од кои двајца се третираат амбулантски, а нема промена во нивната состојба во однос на минатите денови. Инаку, во изминатото деноноќие на Клиниката за пластична хирургија е примен пациент кој е вратен од Грција и по неопходните испитувања, ќе биде пуштен на домашно лекување. Во моментов на оваа клиника се хоспитализирани тројца пациенти“, појаснуваат од ресорното министерство.

Изминатото деноноќие немало згрижени пациенти на Клиниката за токсикологија.

Како што информираат, во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани тројца пациенти, а во „Свети Наум Охридски“ остануваат шестмина кои се хоспитализирани на одделение.

„Пристигнати се и тимови од странство со големо искуство во областа на рехабилитација на пациенти со изгореници кои во моментов прават евалуација на просторните услови, апаратурата во неколку центри за рехабилитација на пациенти со изгореници. Министерството за здравство останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за секој еден од пациент од повредените од несреќата во Кочани“, се нагласува во денешното соопштение.

На Клиниката за пулмологија се хоспитализирани двајца пациенти, додека во приватните установи останува непроменета состојбата со бројот на хоспитализирани пациенти.

Во пожарот во дискотеата „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени. Повеќе од половина од повредените беа испратени на лекување во странски медицински центри.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России