Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2025

Недоразбирања или политички игри со пругата кон Бугарија?

0

Бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов ги отфрла тврдењата на неговиот македонски колега Александар Николоски дека Бугарија не презема ништо за железничкото поврзување меѓу двете држави на Коридорот 8.
„Го испративме договорот, а каде е Николоски да го потпише? Додека Николоски го зборува ова, возот помина низ Перник, низ Радомир и стигна до Ќустендил, а оттаму стигна до последната станица Ѓуешево за да го чека македонскиот“, изјавил Караџов во интервју за телевизијата БНТ, пренесува БГНЕС.
Караџов посочува дека Бугарија проектира 90 проценти сосема нова линија помеѓу Радомир и Ѓуешево за да ги прошири кривините, овозможувајќи брзина на возовите од 160 километри на час. „Во 2032 година, кога ќе достигнеме брзина на возот од 160 километри на час, ќе ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или не“, наведе Караџов, оценуцајќи дека Николоски „раскажува македонски приказни за добра ноќ“.

Вицепремиерот Николоски во понеделникот оцени дека е „очигледно дека Бугарија не сака да ја гради пругата“, информирајќи дека имаат испратено над 15 дописи до Бугарија на кои што немаат одговор од бугарска страна за изградбата на пругата.

„Фер е да се видиме и да ни кажат. Со самото тоа што одбегнуваат да се сретнеме, тоа многу говори за судбината на проектот. На наша страна се делата, на нивна се зборовите“, изјави Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Николоски потврди дека во Владата е пристигнат Предлог-договорот за заедничка изградба од бугарската страна, нагласувајќи дека веднаш е разгледан на седница на Влада и формирано е работно тело составено од министрите за транспорт и финансии и директорот на Железници и оти за него треба да се разговара.

Николоски посочи и дека има и спорни делови во предлог договорот и затоа било потребно да седнат со бугарската страна и да разговраат.

Тој повтори дека Владата не сака да инвестира во пруга која завршува во тунел. Проблемот, наведе, е фактот дека Бугарија одлучила да не ја обновува пругата од Софија до Перник, односно од Перник до Ѓуешево во втората фаза.

Николоски во ноември лани во телевизиско гостување на прашањето зошто на бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, потенцираше дека Бугарија работи на алтернатива на коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.

„Бугарија прави огромни притисоци да изработи алтернатива на Коридор 10, односно од Ниш, наместо пругата да се спушта надолу кон Скопје и кон Солун, истата да оди источно кон Босилеград, а потоа по реката Струма да се спушта низ Бугарија и после тоа да се поврзува со Солун. Тоа е битката што позади завесата се случува во моментов. Доколку оваа битка се реализира, Македонија ќе стане слепо црево на Балканот. И затоа се нервозни, затоа што ние им ја разбиваме таа стратегија, со тоа што ставаме фокус на коридор кој што е економски најисплатлив и кој што најприроден, во исто време го градиме и Коридор 8“, истакна министерот Николоски.

Бугарската Влада на 15 јануари годинава и испрати на Република Северна Македонија нацрт-договор за подготовка, изградба и работа на прекуграничен железнички тунел што ги поврзува двете земји.
Како што соопшти тогаш бугарското Министерство за транспорт и врски, со потпишувањето на договорот ќе се договорат техничките, финансиските, правните и организациските прашања поврзани со изградбата на тунелот.
Бугарската страна, стои во соопштението, е подготвена што поскоро да ги започне преговорите со Северна Македонија за предложените текстови, а потоа да продолжи со нивно потпишување.

Според предлогот, двете држави ќе се договорат која ќе одговара за изградба на прекуграничниот објект, за јавни набавки и за надзор на изградбата и ќе вложат максимални напори да обезбедат грант-помош за изградба на тунелот и неговата соседна железничка инфраструктура, почитувајќи ги барањата на ЕУ и НАТО во однос на стандардите на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T).

За третиот дел од пругата кон Бугарија македонската и бугарската страна досега одржаа две средби, една во Брисел на 16 октомври лани кога се согласија да одржуваат редовен дијалог на високо ниво и да формираат заедничка работна група за Коридорот 8 и една во Софија на 31 октомври лани по која македонската страна објави дека се прифатени нејзините аргументи: да има заеднички проект за да не се гради тунел кој не води никаде, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената и на самиот проект.

По три децении од почетокот на изградбата на 17 јануари годинава беше пуштен првиот дел од пругата кон Бугарија во должина од 31 километар. На вториот дел, од Куманово до Крива Паланка, проектиран на 34 километри, според последните официјални податоци, изградени се 27,3 проценти, а рокот е 2026 година.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России