Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2025

Таравари поднесе оставка на министерската функција

0

Арбен Таравари и официјално ја поднесе својата оставка од функцијата министер за здравство и денеска ја достави до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

„Одговорноста што ја преземав со оваа функција ја извршував со максимална посветеност, транспарентност и чувство за должност кон граѓаните и државата. Одлуката ја носам по внимателна, лична и професионална проценка, уверувајќи дека овој чекор е во најдобар интерес и за институцијата и за моите лични принципи“, пишува Таравари во оставката.

Тој додава и дека останува отворен за соработка кога е во прашање јавниот интерес иако овој потег практично значи дека тој и неговата партија Алијанса за Албанците заминуваат во опозиција.

Со излегувањето од коалицијата ВРЕДИ која е дел од Владата сите други функции на кои беа назначани личности од Алијанса на Албанците остануваат во ВРЕДИ, изјави денеска вицепремиерот Изет Меџити.

„Не сме дошле до конкретните имиња, но тоа што е важно е сите ресори што ги имаше Алијанса за Албанците, остануваат во рамките на ВРЕДИ. Тоа што самиот најавува оставка но не и за другите функционери тоа покажува и докажува дека има донесено одлука која што не кореспондира со членството и структурите на партијата. Има видливи поделби и тие веќе ги гледаме секојдневно“, изјави Изет Меџити.

Алијанса на Албанците има 5 пратеници, од вкупно 14 колку што има коалицијата ВРЕДИ, но во моментов не се знае дали некои од нив ќе преминат во другите две партии од оваа коалиција на албански партии која е дел од власта или ќе му се придружат на Таравари во опозиција.

Во Собранието денеска е формирана нова пратеничка група на ВРЕДИ од 9 пратеници, а пратеникот Беким Ќоку е нејзин нов координатор, информираа денеска од кабинетот на спикерот Африм Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера не сакаше да открива дали сите функционери на Таравари заминуваат или некој би можел да остане во власта, ниту дали ресорите што ги имаше Алијанса за Албанците остануваат во ВРЕДИ.

Тој рече дека сите кадровски решенија кои ги имаа од партијата на Таравари ќе бидат познати идната недела.

Несогласувањата во коалицијата ВРЕДИ почнаа пред повеќе од еден месец кога Алијансата за Албанците предводена од Таравари реши на претстојните локални избори да настапат со свои листи за советници. По оваа одлука неговите коалициските партии во ВРЕДИ го обвинија за соработка со опозициската ДУИ и одлучија коалицијата да стане партија, но без Алијансата.

Одлуката да се излезе од Владата Таравари обкасни дека се должи на тоа што "Промените што ги ветивме не ги испорачавме за што граѓаните не критикуваат. Затоа решивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори“.

Таравари имаше и една средба со премиерот Христијан Мицковски, по која премиерот кажа дека со или без Таравари во Владата, таа е стабилна, цврста и со големо мнозинство.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России