Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Май
2025

Муцунски се сретна со Рубио - сојузниците да одвојат до 5 отсто од БДП за одбрана

0

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска, 29 мај, во Вашингтон имаше средба со државниот секретар на САД, Марко Рубио, на која биле разгледани можностите за намалување на тарифите, како и за зголемување на одбранбените трошоци.

Во кусото соопштение на портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус, се наведува дека американскиот државен секретар Рубио побарал од сојузниците во НАТО да издвојуваат пет проценти од БДП за одбраната.

Во соопштението на Брус за средбата се вели дека биле истакнати силните односи меѓу САД и Македонија и заедничките интереси за регионалната стабилност, економската соработка и НАТО.

„Тие ги разгледаа можностите за проширување на економската соработка, вклучително и трговијата и инвестициите. Секретарот (Рубио) ја нагласи потребата сојузниците на НАТО да поддржат и да постигнат пет проценти од трошоците за одбрана“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Министерот Муцунски во објава на Фејсбук за средбата меѓу другото вели дека со Рубио размениле мислења и за „безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што „продолжуваме да даваме активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор“.

Според последните извештаи на НАТО, Македонија во 2024 година одвоила 2,22% од својот БДП за одбрана, со што се најде на 11-то место меѓу сојузниците.

Во соопштението на македонското МНР не се споменува делот за пет проценти од БДП за НАТО, но се наведува дека се разговарало за намалување на тарифите за македонските производи.

„Во рамките на разговорот беа разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија“, се вели во соопштението на МНР.

Оваа средба доаѓа откако САД воведоа реципрочни тарифи за повеќе земји, при што за Северна Македонија тарифата изнесува 33%.

Муцунски ја истакнал отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.

Шефот на македонската дипломатија деновиве престојува во САД по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Дејтонскиот договор, потпишан во 1995 година, стави крај на војната во Босна и Херцеговина.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России