Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Январь
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Демонстранти во Данска и Гренланд против заканата од анексија на Трамп

0

Демонстрантите во Данска и Гренланд протестираа во саботата против барањето на претседателот Доналд Трамп да го предаде арктичкиот остров на САД, велејќи дека на Гренланд мора да му се даде право сам да одлучува за својата иднина.

Трамп изјави дека Гренланд е клучен за безбедноста на САД поради неговата стратешка локација и огромните минерални ресурси и не ја исклучи можноста за употреба на сила за да го земе. Европските земји испратија воен персонал на островот оваа недела на барање на Данска.

Во Копенхаген, демонстрантите скандираа „Гренланд не е на продажба“ и носеа транспаренти со пораки како „Не значи не“ и „Рацете подалеку од Гренланд“ додека маршираа кон амбасадата на САД, носејќи го црвено-белото знаме на територијата, објави Ројтерс.

Некои од демонстрантите носеа црвени капи слични на оние на Трамп со слоганот „Направете ја Америка повторно голема“, но со текст променет во „Направете ја Америка да си оди“.

Во главниот град на Гренланд, Нук, стотици демонстранти предводени од премиерот Јенс-Фредерик Нилсен носеа знамиња и слични транспаренти додека маршираа кон американскиот конзулат. Тие поминаа покрај новоизградениот објект каде што Вашингтон планира да го премести конзулатот - моментално сместен во црвена дрвена зграда со четири вработени.

Организаторите проценија дека повеќе од 20.000 луѓе присуствувале на протестот во Копенхаген - бројка блиску до целото население на Нук - иако полицијата не објави официјална бројка.

Протести беа одржани и во други делови на Данска.

„Многу сум благодарна за огромната поддршка што ја добиваме ние, жителите на Гренланд... во исто време испраќаме порака до светот дека треба да се разбуди“, рече Џули Радемахер, претседателка на Уагут, која ги обединува жителите на Гренланд во Данска.

Повторните изјави на Трамп за Гренланд предизвикаа дипломатска криза меѓу САД и Данска, обете членки основачи на НАТО, и беа широко осудени во Европа.

Територијата, со население од околу 57.000 жители, која со векови била управувана од Копенхаген, ужива значителна автономија од 1979 година, но останува дел од Данска, која е одговорна за одбраната и надворешната политика и финансира голем дел од администрацијата.

Според данските власти, околу 17.000 Гренландци живеат во Данска.

Сите пет партии избрани во парламентот на Гренланд на крајот ја поддржуваат независноста, но се разликуваат во однос на времето и неодамна изјавија дека би сакале да останат дел од Данска отколку да се приклучат кон Соединетите Американски Држави.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России