Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Февраль
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21
22
23
24
25
26
27
28

Пентагон за РСЕ: Нема промени во распоредот на американските сили во мисијата КФОР на Косово

0

Службеник на американското Министерство за одбрана изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека во моментов нема никакви промени во распоредот на американските сили.

„Денес немаме ништо ново за објавување во врска со дислокацијата на силите“, наведува тој во писмен одговор.

РСЕ побара коментар од американското Министерство за одбрана по објавата на американскиот Политико повикувајќи се на четворица дипломати од НАТО, дека САД побарале од Алијансата да ја намали својата екстерна активност, вклучително и во мировната мисија на Косово, КФОР.

Во коментар даден за РСЕ, еден службеник на НАТО изјави дека САД имаат клучна улога во поддршката на стабилната безбедност на Косово и во обезбедувањето безбедност во регионот.

Сепак, тој додаде дека за сите подетални информации за нивниот придонес, адреса се американските институции.

Тој исто така нагласи дека во моментов САД имаат околу 600 војници ангажирани во КФОР и дека тие ја предводат Регионалната команда Исток.

Регионалната команда Исток придонесува во секојдневните активности на КФОР на повеќе начини, вклучувајќи патролирање, воени вежби, контакти со претставници на сите локални заедници, како и поддршка на проекти за реконструкција и економски развој.

Што наведува Политико?

Според пишувањето на Политико, во последните месеци Вашингтон лобирал за намалување на мировната мисија на НАТО на Косово (КФОР) со цел да се затвори мисијата во Ирак и да се овозможи сојузниците да не присуствуваат на годишниот самит на Алијансата, кој се одржува во јули во Анкара.

РСЕ побара коментари по повод тврдењата на Политико и од Владата на Косово и од Министерството за одбрана, и сè уште ги очекува нивните одговори.

Овој извештај доаѓа по минатогодишните стравувања во европските држави дека САД би можеле целосно да се повлечат од Европа. Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, тогаш им порача на европските земји дека треба да се подготват за преиспитување и евентуално намалување на американското воено присуство.

Сепак, целосно повлекување не се случи, но САД во октомври најавија повлекување на дел од трупите од Романија, што беше образложено со поширок стратешки фокус на САД кон Индо-Пацифик.

САД во моментов имаат 590 војници во рамките на мировната мисија КФОР.

Во контекст на загриженостите за евентуално повлекување на американските трупи од Европа, американското Министерство за одбрана во март 2025 година изјави за Радио Слободна Европа дека „засега нема никакви промени во распоредот на силите што би требало да се објават“.

Од околу 50.000 војници колку што беа распоредени во 1999 година, по завршувањето на војната, денес на Косово дејствуваат 4.767 припадници на КФОР од 33 различни земји. Од тој број, 590 се американски војници.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России