Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2026
1 2 3 4 5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Полицискиот филтер првата „сопка“ за жртвите на семејно насилство

0

Трагедијата од 2 март 2026 година, во која Ивана и нејзината шест годишна ќерка Катја загинаа по пад од балкон во Скопје, не е само семејна драма со фатален крај. Тоа е брутален портрет на еден систем кој, и покрај законските реформи, и натаму е закочен од бирократски процедури и слаба проценка на ризикот. Ова го признаа делумно и министерствата за внатрешни работи и за социјална политика, иако активистите кои се борат за заштита на жртвите од семејно насилство постојано алармираат.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во обид за транспарентност, ја откри хронологијата на настаните во последните часови на Ивана.

На денот на трагедијата, во 12:05 часот, полицијата веќе била на терен по пријава за расправија. Ивана потпишала белешка дека немало физички контакт и се откажала од постапка. Но, само два часа подоцна, таа и нејзиното дете беа мртви.

„Министерството за внатрешни работи има обезбедено видео запис каде што јасно и недвосмислено се гледа како сторителот, сопругот, ја удира жртвата... Не можам да кажам кога е точно, но тоа е сигурно истиот ден“, рече Тошковски.

Според министерот, иако постоел доказ за физичко насилство истиот ден, полицијата се потпрела на тоа што го кажала жртвата. Полицијата допрва ќе истражува дали таа нејзина изјава била дадена под притисок или страв.

Тошковски изјави дека во изминатава година имало неколку пријави до полиција по кои жртвата се откажувала од понатамошно гонење.

Платформата за родова еднаквост алармира дека ова е образец на „слаба проценка на ризик“.

„Животот на жените и децата не смее да зависи од тоа дали системот ќе ја препознае опасноста дури откако трагедијата веќе се случила“, се вели во нивното соопштение.

Хронологија на една најавена смрт

Додека институциите по шокот од трагедијата побрзаа да се оправдаат, јавноста и активистите го поставуваат клучното прашање: Како човек со десет кривични пријави и историја на насилство бил во позиција повторно да се заканува врз животот на најблиските?

Полицијата соопшти дека против сопругот на жртвата имало пријави за насилство, трговија со дрога, и семејно насилство. Тој сега е во краткотраен притвор додека Обвинителството ги истражува причините за смртта на мајката и ќерката. Обвинителството го сомничи за телесна повреда, загрозување на сигурност и наведување на самоубиство и помагање на самоубиство.

Според адвокатката Катерија Котеска, која застапува во суд жртви од семејно насилство, еден од основните пропусти лежи во начинот на кој полицијата го документира првичниот контакт со жртвата. Котеска ја дефинира оваа појава како „правна замка“.

Кога полицијата настанот го заведува како „поплака“, тие всушност го заобиколуваат Обвинителството и со тоа не се должни да ги испочитуваат новите измени на законот според кои треба да го известат обвинителот за да отвори постапка.

„Многу често при преземање на пријава уште во полициската станица, жртвата се наведува да поднесе поплака против сторителот, а не да има пријава за семејното насилство да се процесуира без разлика која е сериозноста... Полицаецот нема обврска да го извести обвинителот доколку е заведено како поплака. А тоа е многу благ пристап, бидејќи така насилникот смета дека системот му е наклонет,“ вели Котеска.

Таа објаснува дека по добиена поплака полицијата има задача да го „искара“ насилникот, да му каже дека не треба да тепа жени и за тоа да ја извести жртвата на семејно насилство.

До неодамна, според македонските закони, насилникот, кој врши семејно насилство може да застане пред судија само ако го тужи жртвата. Со последните измени на законот кои се случија во 2025 година, по брза постапка е овозможено ако жртвата се плаши и не покрене кривична пријава против насилникот, тоа може да го стори полицијата, но само ако има видливи модринки или други телесни повреди.

Токму тука е првиот проблем велат активистите. Насилникот со ова се пропушта низ првиот филтер, полицијата која не го проценува ризикот од насилство, задоволувајќи се со законскиот минимум, а тоа е службена белешка или поплака која фаќа прашина во досието во фиока, објаснуваат тие. Според нив така си ја олеснуваат работата и го заобиколуваат последните законски измени со кои по брза постапка треба да се процесираат вакви предмети и да стигнат со судница.

Но полицијата тврди дека тоа се менува.

„Морам да напоменам дека ваквите измени на законот во последната недела дена резултираа со три постапки по брза постапка спроведени од страна на СВР Скопје, два притвори имаме изречено, во еден случај имаме изречено мерки за обезбедување на присуство каде што имаме детектирано ваков тип на потенцијално сторено кривично дело. Но очигледно дека не само измената на законот, треба да го смениме кодот на однесување“, изјави министерот Тошковски.

Според податоците на МВР, во 2024 година во Скопје имало 213 кривични пријави за семејно насилство од кои 27 биле спроведени по брза постапка со изречен еден притвор. Лани скопската полиција покренала 224 кривични пријави од кои 54 биле спроведени по брза постапка, при што бројот на притвори скокнал на 17. Од почетокот на годинава, биле покренати 28 кривични пријави од кои 12 по брза постапка, а во 5 случаи биле изречени притвори.

Систем на неказнивост?

Адвокатката Котеска забележува дека мерките за заштита на жртвите и казна на насилниците слабо се применуваат создавајќи систем на неказнивост.

„Министерството за внатрешни работи согласно законот има право да побара од судот изрекување на мерка „отстранување на насилник“. Меѓутоа, ревизорскиот извештај на пример за 2025-та кажа дека таа мерка, на пример на битолското апелационо подрачје, не се изрекла ниту еднаш. Не е можно во тек на една година да не постоел толку сериозен случај на семејно насилство каде што таа мерка не би се изрекла ниту еднаш“, вели Котеска.

Таа предупредува дека честопати полицајците и социјалните служби прават двојна виктимизација на жртвите, барајќи оправдување за насилното однесување на нивните партнери.

„Забрането е на жртвата да и се поставуваат прашања во поглед на тоа „а зошто ти го провоцираше?“, „а зошто ти така рече?“, „а зошто ти го направи ова?“. Или пак на самото судење сум била сведок каде што бараат придонес на жртвата. При семејно насилство не постои придонес на жртвата“, објаснува Котеска.

Овој пристап директно влијае врз перцепцијата на насилникот за неказнивост. Наместо кривичен прогон, тој добива само писмена опомена, што во многу случаи само ја ескалира неговата агресија врз жртвата која „се дрзнала“ да повика полиција. Многу психолози кои работат или работеле со жртви на семејно насилство на социјалните мрежи коментираат дека отсуството на последици ја намалува внатрешната кочница.

„Казната не е само правна мерка, таа има психолошка функција на граница. Кога границата ја нема, однесувањето често ескалира“, се вели во објавата на психолошкото советувалиште Когниција.

Во него се објаснува дека кога системот не реагира, се испраќа општествена порака: "Ова не е толку сериозно." Тоа создава култура во која насилството станува тивко толерирано и социјално нормализирано.

„Црвено знаме за системот“

Каде и кој потфрла во заштитата што треба да ја пружат институциите пред насилството да заврши фатално?

Од Платформата за родова еднаквост бараат одговорност со име и презиме на секој вработен во системот кој што направил пропуст во сите институции, од МВР, Обвинителството, социјалните служби и сите надлежни.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство излезе со остар став, нарекувајќи го овој настан „црвено знаме“ за целиот систем. Тие посочуваат дека ова не е изолиран инцидент, туку дел од застрашувачки образец.

„Ова што го гледаме не се изолирани инциденти, ова е образец. Образец на недоволна превенција, задоцнети институционални реакции, слаба проценка на ризик и недоволна заштита на жртвите“ се вели во нивното соопштение.

Од Мрежата дополнително предупредуваат дека Северна Македонија е меѓу земјите со највисока стапка на фемициди во Европа според податоците на Еуростат, што е алармантен доказ дека заштитата не функционира. Само од почетокот на годинава евидентирале вкупно четири смртни случаи предизвикани од семејно насилство.

Пријавата за семејно насилство доцнела два месеца

Додека јавноста бара одговори, Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека според нивните првични наоди, семејството веќе било во нивната евиденција. Информацијата дека жената била тепана до нив стигнала со задоцнување од два месеца.

„ Допис од МВР за физички напад на сопругот врз сопругата е примен и заведен на 02.02.2026 година, а се однесува на настан од декември,“ се вели во соопштението на Министерство.

Овој податок го потврдува впечатокот на јавноста за затајување на институциите, кои знаеле за физичките напади кои оваа жена ги трпела.

Котеска зборувајќи од искуство, посочи дека и Центрите за социјална работа имаат свој удел во системските пропусти. Дел од нив се мерките кои треба да ги изречат и честопати се сведуваат на опомена и забрана за приближување која насилникот не ја почитува.

ОБСЕ: Потребна е мултисекторска акција

Во меѓувреме, порака испрати и Мисијата на ОБСЕ во Скопје дека една институција не може сама да го победи насилството. На вчерашната дебата ОБСЕ стави акцент на системското решение преку поддршка на новата Национална стратегија 2026–2033. Нешто што изостануваше во изминативе три години.

„Стратегијата промовира интегриран систем во кој заедно ќе работат правосудните институции, полицијата, социјалните служби и здравството. Само со координирана акција и одржливо финансирање може да се обезбеди навремена поддршка за секоја жртва,“ се вели во кусото соопштение на Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Министерот Тошковски, најави формирање на посебно национално одделение за овој тип криминалитет, признавајќи дека досега такво тело не постоело. Но, таа најава е задоцнета за Ивана и Катја. Трагедијата во Тафталиџе е потсетник дека додека институциите се координираат и пишуваат стратегии, животите на жените и децата висат на тенка нишка на бирократската ефикасност.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России