Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Март
2026
1 2 3 4 5 6 7 8 9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Пукнатини во иранското раководство? Извинување, а потоа нови регионални напади

0

Иран можеби се приближува кон избор на нов врховен лидер, дури и кога се чини дека се појавуваат некои пукнатини меѓу преживеаните владетели во Техеран. САД и Израел ветија дека ќе го удрат Иран посилно од кога било, додека војната ја помина границата од една недела.

Откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека сака „лично да им се извини на соседните земји“ кои беа погодени од ирански ракети и беспилотни летала, моќниот шеф за национална безбедност Али Лариџани и други на 7 март пркосно нападнаа, а Техеран повторно изврши напади врз арапските сојузници на САД во регионот.

Одделно, иранските државни медиуми доцна на 7 март го цитираа тврдокорниот ајатолах Хосеин Мозафари, член на Собранието на експерти - кое ќе го избере следниот владетел на земјата - како вели дека телото би можело да се состане во следните 24 часа за да донесе одлука.

Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека не е заинтересиран за понатамошни преговори со Иран по неколку рунди разговори кои не постигнаа пробив.

„Во еден момент, не мислам дека ќе остане некој што можеби ќе каже: „Се предаваме“, рече Трамп.

Трамп предупреди во објава на социјалните мрежи дека повеќе ирански функционери ќе станат мети во војната. „Денес, Иран ќе биде погоден многу силно!“

„Сериозно се разгледува целосно уништување и сигурна смрт, поради лошото однесување на Иран, областите и групите луѓе кои не беа разгледувани за таргетирање до овој момент“, рече тој.

Тој, исто така, повтори дека бара улога во изборот на наследник на раководството на Иран, велејќи дека следниот владетел треба да биде „ОДЛИЧЕН И ПРИФАТЛИВ“.

„Знам дека има голем број луѓе што ги разгледуваат нашите разузнавачки агенции и владата на Соединетите Американски Држави, но нема да одам подалеку од тоа“, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, за новинарите во Белата куќа на 6 март.

Курдска копнена офанзива?

Трамп, исто така, рече дека не сака етничките Курди да започнат напад врз иранскиот режим. Забелешките дојдоа по спротивставените извештаи за тоа дали Трамп охрабрува копнена офанзива од страна на иранските Курди егзиланти со седиште во Ирак.

„Не очекуваме Курдите да влезат“, им рече тој на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“. „Како што знаете, ние сме многу пријателски настроени кон Курдите, но не сакаме да ја направиме војната посложена отколку што веќе е.“

„Не сакам да ги видам Курдите повредени и убиени. Тие се подготвени да влезат, но им кажав дека не сакам да влезат. Војната е доволно комплицирана без да се вклучат Курдите“, рече тој.

На 5 март, Трамп изјави за Ројтерс дека ќе биде „целосно за“ офанзива на иранските курдски борци во поддршка на напорите на САД и Израел.

Службеници на една група во егзил на 7 март изјавија дека база на ирански Курди во полуавтономниот курдски регион во Ирак била погодена од воздушни напади, веројатно со беспилотни летала. Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран соопшти дека ги таргетирале „сепаратистичките групи“ во регионот. Извештаите не можеа веднаш да бидат потврдени.

„Лично се извинувам“

Пезешкијан, во услови на зголемен гнев од земјите од Персискиот Залив и други - како што се Ирак, Азербејџан и Турција - во видео порака рече дека би сакал „лично да им се извини на соседните земји кои беа погодени од дејствијата на Иран“, повикувајќи ги да не се приклучат на нападите на САД и Израел врз Иран.

Тој рече дека привремениот совет на раководството на Иран се согласил да ги прекине нападите врз блиските држави освен ако нападите врз Иран не потекнуваат од нивна територија.

Сепак, неколку часа подоцна, морнарицата на ИРГК започна напад со беспилотни летала врз американската воздухопловна база Ал-Дафра во ОАЕ, според новинската агенција Тасним, полуофицијална новинска агенција поврзана со ИРГК.

Тврдокорниот свештеник и пратеник Хамид Расаи, го нападна Пезешкијан за неговото извинување, пишувајќи на X дека „вашиот став беше непрофесионален, слаб и неприфатлив“.

Шефот на судството, Голамхосеин Мохсени-Еџеи, исто така, ги отфрли забелешките на Пезешкијан, велејќи дека „интензивните напади врз овие [регионални] цели ќе продолжат“.

Гласни експлозии се слушнаа во Дубаи, Доха и бахреинскиот град Манама, а напади беа пријавени и во Саудиска Арабија, Катар и Кувајт, каде што националната нафтена компанија објави „претпазливо“ намалување на производството.

Претседателот на ОАЕ, Мухамед бин Зајед Ал Нахјан, во телевизиско обраќање изјави дека Емиратите се во „период на војна“, но „ќе излезат посилни“ од кризата.

Многу од арапските држави од Заливот се домаќини на американски воени бази и други објекти кои станаа фокус на напади на многу ирански ракетни и беспилотни летала.

На други места, ракети „Катјуша“ погодија во близина на амбасадата на САД во Багдад, веројатно испукани од милиции во Ирак, сојузнички на Иран. Не беше веднаш јасно дали има жртви или штети.

Ројтерс цитираше висок ирачки безбедносен службеник кој рече дека одбранбениот систем C-RAM соборил една од ракетите и дека ниедна не паднала во амбасадата. Службеникот рече дека нема американски жртви.

Лариџани возвраќа

Во меѓувреме, шефот на иранската безбедност, Лариџани, тврдеше дека САД и Израел бараат распад на земјата.

„Нивниот проблем беше... фундаменталното распаѓање на Иран“, рече Лариџани во снимено интервју на државната телевизија.

„Мислам дека најважниот проблем што го имаат Американците е што не го разбираат контекстот на Западна Азија, особено на Иран“, рече Лариџани.

„Нивната перцепција беше дека ќе биде како Венецуела - ќе нападнат, ќе преземат контрола и ќе заврши - но сега се во замка.“

Нетанјаху се заколна дека ќе го „искорени“ режимот

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел ќе ја продолжи војната со Иран „со сите наши сили“ и потврди дека неговата земја и американските сили постигнале речиси целосна доминација на небото над Техеран.

„Имаме систематски план за искоренивање на иранскиот режим и постигнување на многу други цели“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

„Граѓани [на Израел], ми велите мене, на владата и на нашите херојски војници да продолжиме до победа и ви благодарам. Можам да ве уверам дека ќе продолжиме со сета наша сила“, рече Нетанјаху.

„Ќе продолжиме да дејствуваме со сета наша моќ сè додека не ги постигнеме сите наши цели“, рече тој и тврдеше дека Израел „го менува лицето на Блискиот Исток“.

Израел, исто така, ја интензивираше својата офанзива против силите на Хезболах, сојузнички на Иран, во јужен Либан.







Губернаторы России





Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media


103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости




Спорт в России и мире



Новости Крыма на Sevpoisk.ru




Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России