Русија бара Чешка да ѝ го испорача осомничениот за хакерски напади во САД
Според Колмаков, дипломатската мисија била официјално информирана за настанот. „Во текстот на известувањето се вели дека приведувањето било спроведено на барање на суд на една од државите во САД“, истакна Колмаков.
9 прашања за приодите на РФ кон глобалната сајбер-безбедност
Дипломат рече дека амбасадата ги презема сите напори за заштита на интересите на рускиот државјанин и дека работи со неговиот адвокат. Портпаролот додаде дека во Чешка конечна одлука за испорачување на странски државјанин донесува министерот за правда по одлуката на судот. Информација за судска расправа засега нема.
„Руската страна отфрла практиката која САД му ја наметнува на целиот свет за екстериторијална јурисдикција, ние инсистираме на испорачување на рускиот државјанин на Русија“, потенцираше дипломатот, пренесува „Лента.ру“.
На 18 октомври властите на Чешка соопштија дека локалните органи во соработка со американското ФБИ привеле Русин кој се сомничи за хакерски напади врз цели во САД. Налогот за апсење претходно бил издаден о Интерпол.