Песков: „Адмирал Кузнецов“ нема „да ги избрка Американците“ во Сирија
Носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ е упатен кон бреговите на Сирија не за да ги „избрка“ Американците – за тоа има доволно инструменти за контрола на безбедноста на руската инфраструктура таму, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.
„Не мислам дека треба некого да избркаме затоа што некој може да изврши напад. „Затоа што и сега веројатно веќе има доволно инструменти за контрола на небото, контрола на нашата привремена инфраструктура во Сирија, затоа не постои таква можност“, изјави Песков во интервју за емисијата „Вести во сабота“ со Сергеј Бриљов на телевизијата „Русија 1“.
Ловци од носачот „Адмирал Кузнецов“ почнаа да летаат над Атлантикот
На тој начин тој одговори на прашањето дали движењето на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ кон бреговите на Сирија е заради засилување на руската група и нанесување удари врз позициите на терористите или за „да ги избрка Американците кои можат да решат да извршат напад врз сириските владини сили“.
Песков истакна дека информацијата за тоа кои функции ќе ги врши „Адмирал Кузнецов“ од тактичка гледна точка „ се чуваат некаде во затворени коверти со натпис „врвна тајна“.
„Вие поставувате прашање кое е повеќе за воените експерти“, изјави портпаролот на рускиот претседател.