Русија подготви асиметричен одговор на санкциите на САД
Москва има подготвено „серија на мерки“ како асиметричен одговор на антируските санкции од страна на САД, рече заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков, говорејќи во Советот на Федерацијата.
Русија ветува „болен одговор“ доколку САД ги прошират санкциите
„Политиката на санкции на САД против Русија трае веќе подолго време. Ние го искористивме овој период за да спроведеме некои истражувања и да подготвиме серија на активности кои може да се применат имено во асиметричен режим“, изјави Рјабков, пренесува „Взгљад“.
Во средата Рјабков изјави дека Москва би можела болно да одговори на санкциите и другите антируски дејствија на САД и дека во арсеналот на Русија има ефективни симетрични и асиметрични мерки. Тој исто така рече дека санкциите наметнати од страна на САД против Русија важат против 281 правно лице и 81 претставник на различни гранки на власта.