Русија и Бугарија потпишаа договори за регулирање на долгот за АЕЦ „Белене“
„Денеска потпишавме договори за конечно усогласување на ставовите во врска со одлуката на Меѓународниот арбитражен суд за проектот „Белене“ во кој страни се „Националната електрическа компанија“ (НЕК) и „Атомстројекспорт“ (Атомстройэкспорт), изјави Петкова, пренесува РТ на руски.
Мирниот атом ја доби битката во Европа
Министерката додаде дека НЕК се обврзала да го плати до 15 декември во целост износот според арбитражната одлука. За возврат, „Атомстројекспорт“ се откажува од барањата за камата на тој долг, кој до 15 декември ќе изнесува 23 милиони евра.
Тендерот за изградба на АЕЦ „Белене“ во Бугарија, објавен во 2005 година, го доби рускиот „Атомстројекспорт“. Договорот за изградба на станицата беше потпишан на 29 ноември 2006 година. Сепак, на крајот на март 2012 година бугарската влада објави дека го прекинува проектот.
