Столтенберг: НАТО не сака да се конфронтира со Русија
НАТО не се стреми кон конфронтација со Русија и не сака нова студена војна. Ова во интервју за Би-Би-Си Њуз го изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Според него, планираното распоредување на четири илјади војници во Источна Европа не е насочено кон провоцирање конфликт, туку кон негово спречување.
Без оглед на сегашната затегнатост, Алијансата не ја гледа Русија како закана, истакна Столтенберг.
НАТО се приближува кон руската граница, но сака дијалог со Москва