Захарова одговори на изјавата на Расмусен за САД како „светски полицаец“
„Ќе потсетам, овој човек беше на чело на НАТО. Од каде му таква ропска психологија, ќе прашате? Таквите ги земаат да раководат со меѓународни организации под контрола на Вашингтон и ги промовираат во политичка елита на Европа. Колку се овие луѓе со мали букви, кои сонуваат за светска жандармерија, далеку од демократијата. Не сум сигурна дека во принцип тие знаат што е тоа“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Расмусен: САД треба да станат „светски полицаец“
Претходно во четвртокот Расмусен изјави дека на светот „му треба светски полицаец“. „Потребно ни е одлучното глобално лидерство на САД“, рече тој.
Ова не е првпат Расмусен да истапи со вакви изјави. Во септември тој го даде истиот предлог, а во средината на октомври тој ѝ предложи на Европската унија да се откаже од шестмесечното продолжување на санкциите против Русија и веднаш да ги продолжи санкциите за една година.